Услуги
Поддршка
Центарот за Електронско учење нуди 24 часовна поддршка преку e-mail и 8 часа телефонски за решавање на било каков проблем поврзан со користење на софтверот. Се грижиме за уредување и одржување на Moodle 2 платформата, тестирање на грешки и решавање на проблеми со кориснички невалидни профили. Центарот за е-учење обезбедува помош во подобрување на ефективноста на предавањето и на учењето преку развој на интерактивен дополнителен материјал достапен он-лајн за традиционалните предмети како и организирање работилници за обука поврзани со развојот и испораката на он-лајн материјали. повеќе ->
Практиканство
Во рамките на проектот „Интернет видливост на УГД“, отворени се позиции за студентска пракса во рамките на Лабораторијата за дигитални ресурси и отворен пристап – ДРОП
drop.ugd.edu.mk. Работата ќе се извршува во просториите на ИТ Институтот или во Центарот за електронско учење. Делумно работата може да се заврши и од дома. Праксата е наменета за студентите од четврта и трета година (оние кои се на тригодишни студии) може да се прифати и како дипломска работа (со мало проширување на обемот). повеќе ->

Обука
Центарот за електронско учење спроведува обуки за за сите нововработени во рамките на Универзитетот „ Гоце Делчев“. Целта на овие обуки е запознавање на нововработените со начинот на користење на постојаните ИТ ресурси на УГД и стекнување на вештини за нивна правилна и ефикасна употреба.
Покрај овие обуки Центарот за електронско учење ќе организира и напредни курсеви за користење на бенифициите од системот. На овие курсеви ќе се презентираат можностите за спроведување на електронско тестирање со примена на алатката квиз. Електронското тестирање придонесува за максимално намалување на времето потребно за подготовка и полагање на испитите, побрза идентификација на студентите, намалување на трошоците на долг рок, голема флексибилност во релација со локацијата и времето на тестирање, брзо оценување и објавување на резултатите.
Покрај тоа, ќе се презентира и начинот на спроведување на едно интегрирано тестирање со примена на Електроските табли (ТБУ сесии). Овие тестирања имаат низа позитивни карактеристики, бидејќи се многу побрзи и поефикасни, а воедно студентите ќе можат тимски да работат и одговараат на прашањата. повеќе ->

Корисници
До сега Moodle 2 платформата има 8552 активни корисници од кои 308 се професори, асистенти и лаборанти, а останатите се студенти на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип.