Бенефиции од е-Учење
- Е – учење е економично и флексибилно. Е-учење е поекономично од традиционалнито учење, бидејќи помалку време и пари се трошат на патувања. Можете да учите од било која локација во било кое време – дома, во канцеларија или на патување. Ова е од особено значење за деловните луѓе или студентите кои редовно патуваат. Е-учењето е единственото решение што ви овозможува да одржувате континуитет во учењето во секое време и место.
- Зголемен пристап: признати експерти и предавачи од највисок калибар можат да ги споделат своите знаења преку границите, овозможувајќи и на сите заинтересирани да посетуваат курсеви низ физички, политички и економски граници.
- Самостојно учење. Е – учење ви овозможува да учите со свое темпо, без да зависите од напредокот на другите. Кога и да наидете на полесен дел, едноставно преминувате на следната единица со само еден клик на копчето. И обратно, кога нешто ви е потешко да го разберете, можете да му посветите онолку внимание колку што ви е потребно за да го разберете и запомните. Учениците можат да најдат информации релевантни за нивната лична состојба и интерес.
- Подобри перформанси. Градивото е свежо и во чекор со времето бидејќи често и бргу може да биде заменето со понови содржини, што не е случај со книгите.Преку аудио-видео презентации материјалот се задржува во меморијата многу повеќе отколку при традиционалното предавање во клас токму поради комбинацијата на елементите што ја предизвикуваат љубопитноста, интересот и желбата за успех кај секој поединец: аудио, видео, квизови, интерактивни прашања, изразување лични ставови и сл.
- Опуштеноста и отсуството на страв или срам од незнаење или опомена ви овозможува подобра концентрација и совладување на материјалот. Токму флексибилноста на е-учењето е во контраст со стресното секојдневие и ви овозможува да го дадете својот максимум во учењето тогаш кога самите се чувствувате подготвени за тоа.
- Соодветен развој на вештини и компетенции кои се неопходни за 21 век, а особено осигурување на дигитална писменост на студентите, која е неопходна за нивните идни професии или кариери.
Во рамки на општеството е-учењето е се позастапеното. Во поново време сè помногубројни стануваат случаите на е-студирање, односно стекнување универзитетско образование по пат на електронско студирање. Во тој контекст, голем е бројот на образовни институции, особено во средини од типот на Шведска, Јапонија, Кореја, Германија, Швајцарија итн., кои настојуваат своите образовни програми целосно да ги пренесат во електронски формат, препуштајќи го класичното студирање само на специјалните случаи кога некои негови аспекти се најнеопходни.
Голем број на експерти се надеваат дека е-студирањето во рок од околу 3-4 децении ќе успее да го надмине класичниот вид високо образование во светски рамки. Гледано на долг рок, е-учењето можеби претставува само преоден чекор кон нов, интерактивен и поотворен вид образование кое допрва ќе се инволвира во едукацискиот систем во светски рамки.