Поддршка за е-Учење
Центарот за Електронско учење нуди 24 часовна подршка преку e-mail и 8 часа телефонски за решавање на било каков проблем поврзан со користење на софтверот. Се грижиме за уредување и одржување на Moodle 2 платформата, тестирање на грешки и решавање на проблеми со кориснички невалидни профили. Центарот за е-учење обезбедува помош во подобрување на ефективноста на предавањето и на учењето преку развој на интерактивен дополнителен материјал достапен он-лајн за традиционалните предмети како и организирање работилници за обука поврзани со развојот и испораката на он-лајн материјали.
Во склоп на Центар за електронско учење исто така се извршуваат дополнително и следните активности:
Во склоп на Центар за електронско учење исто така се извршуваат дополнително и следните активности:
УГД Репозиториум - Техничка поддршка на УГД репозиториум (обработка и прикачување на трудови; секојдневно регенерирање на апстракти и прегледи за приказ на нови трудови). |
Одржување на хардвер и софтвер на Кампус 2 - амфитеатри, предавални, простории, канцеларии. |
Ажурирање на останати веб апликации на: - ЦЕУ, Центар за електронско учење - ДРОП, Лабораторија за дигитални ресурси и отворен пристап - УГД 360 - ОБП, Отворена база на пестициди - Е-Тестирање |